1 133,1; 134,1; Дан 3,85 Алилуја! Фалете Го, слуги, Господа,
фалете го името Господово.
2 Јов 1,21; Дан 2,20; Тов 3,11 Да биде името Господово благословено
отсега, па довека.
3 Ис 59,19; Мал 1,11 Од изгревот и до залезот на сонцето
е фалено името Господово.
4 56,5; 96,9 Возвишен е над сите народи Господ,
над небесата е славата Негова.
5 34,10; 88,6.8; Ис 57,15 Кој е како Господ, нашиот Бог?
Кој во височините живее
6 10,4; 13,2; 101,19 и Кој гледа на смирените
на небото и на земјата,
7 106,41; 1 Цар 2,8; Лк 1,52 Кој сиромавиот го подига од земјата
и бедниот го вади од буниште
8за да го седне со кнезовите,
со кнезовите на народот Свој;
9 1 Цар 2,5; Ис 54,1 Кој ја вдомува неплодната,
правејќи ја мајка што се радува над децата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.