1 16,1 Псалм на Давид кога беше гонет од синот.
Господи, услиши ја молитвата моја,
послушај го молењето мое во вистината Твоја,
услиши ме во правдата Твоја;
2 129,3; Јов 9,2; 13,3-4; Проп 7,20; Рим 3,20; Гал 2,16 и не стапувај во суд со слугата Твој,
зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден што живее.
3 87,6; Плач 3,6 Зашто непријателот ја прогони душата моја,
го понизи животот мој до земјата,
ме постави во темнина како мртвите од века;
4 76,3; 141,3; Јов 17,1 опадна духот мој во мене,
се вознемири во мене срцето мое.
5 76,5.12 Си спомнав за дамнешните дни,
за сите Твои дела размислував,
во делата на рацете Твои се задлабочував.
6 41,1-2; 62,1; 87,9 Кон Тебе ги подигнав рацете свои,
како сува земја жеднее душата моја по Тебе.
7 9,21; 27,1; 68,17; 87,4; 101,2 Услиши ме поскоро, Господи, исчезна духот мој;
не одвраќај го лицето Твое од мене,
за да не заприлегам на оние што слегуваат во гроб.
8 24,2.4; 85,4 Направи наутро да ја чујам милоста Твоја,
зашто на Тебе се надевав.
Покажи ми го, Господи, патот по кој ќе одам,
зашто кон Тебе ја воздигнав душата моја.
9Избави ме, Господи, од непријателите мои,
зашто кон Тебе прибегнав.
10Научи ме да ја творам волјата Твоја,
зашто Ти си Бог мој.
Твојот благ Дух ќе ме води кон земјата на правдата.
11 24,22; 108,21; Варух 2,14 Заради името Твое, Господи, ќе ме оживееш,
со Својата праведност ќе ја изведеш од неволја душата моја;
12 53,6; 115,7 и со милоста Твоја ќе ги сотреш непријателите мои
и ќе ги погубиш сите што ја нажалуваат душата моја,
зашто јас сум слуга Твој.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.