1 1 Цар 22–24 Псалм на Давид, кога беше во Јудејската Пустина.
2 35,7-9; 41,1-2; 142,6 Боже, Боже мој, кон Тебе подранувам.
Ожедни за Тебе душата моја,
колкупати за Тебе копнееше телото мое,
во земја пуста, непроодна и безводна.
3Така се појавив пред Тебе во Светињата,
за да ја видам силата Твоја и славата Твоја.
4Зашто милоста Твоја е подобра од животите;
устата моја ќе Те фали.
5 144,2; 118,48 Така ќе Те благословувам во животот мој
и во името Твое ќе ги подигам рацете мои.
6 35,8 Чиниш со маст и сало се насити душата моја
и со усни радосни ќе Те фали устата моја.
7Кога и да се сетев на Тебе во постелата своја,
во мугрите за Тебе размислував.
8 16,8 Зашто Ти стана помошник мој
и под покровот на крилјата Твои ќе се зарадувам.
9 5 Мојс 13,4 Се прилепи душата моја за Тебе,
а мене ме прифати десницата Твоја.
10Тие залудно ја бараа душата моја;
ќе слезат во длабините земни,
11 20,1; 63,10 ќе бидат предадени на остриците од мечот,
ќе станат плен на лисиците.
12А царот ќе се зарадува во Бога,
ќе се фали секој што во Него се колне;
зашто се затвори устата на оние што зборуваат неправедно.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.