1 123,1 Песна на искачувањата.
Многупати ме напаѓаа од младоста моја –
нека каже сега Израил –
2 117,13; Јн 16,33 многупати ме напаѓаа од младоста моја,
па, сепак, не ме совладаа.
3 Ис 51,23 Грешниците врз плеќите ми кроеја сплетки,
тие го продолжија беззаконието свое.
4Господ праведен
им ги пресече вратовите на грешниците.
5 34,4; 39,14 Нека се посрамат и нека се вратат назад
сите што го мразат Сион.
6 36,2; 4 Цар 19,26; Ис 37,27 Нека бидат како трева на покривите,
која се суши пред да биде откорната;
7со која жетварот нема да ја исполни раката своја,
ниту пазувата своја собирачот на снопови;
8 117,26; Рута 2,4 и не рекоа минувачите:
Благослов Господов на вас,
ве благословуваме во името Господово.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.