Псалми 110 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 110Благодарствена песна за Божјите дарови

1 137,1; 149,1 Алилуја! Ќе Те славам, Господи, со сето срце свое,

во советот на преведните и во собранието.

2 91,5; Откр 15,3 Големи се делата Господови,

испитани во сите намери Негови.

3 111,3.9; Ис 51,6 Славата и велелепието се Негово дело

и правдата Негова останува во вечни векови.

4 85,15; 102,8; 111,4 Незаборавни ги направи чудесата Свои.

Милостив и милосрден е Господ;

5 104,8 им даде храна на оние што се бојат од Него;

ќе го помни довека заветот Свој.

6 Ер 27,5 Силата на делата Свои му ја објави на народот Свој,

за да им го даде наследството од незнабошците.

7 18,7; 92,5 Делата на рацете Негови се вистина и суд;

верни се сите заповеди Негови,

8 18,9; 148,6; Ис 40,8 утврдени во вечни векови,

засновани на вистина и на чесност.

9 104,10; 5 Мојс 28,58; Лк 1,49.68 Избавување му испрати на народот Свој,

го заповеда довека заветот Свој;

свето и страшно е името Негово.

10 Јов 28,28; Изреки 1,7; 9,9; Сир 1,16 Стравот од Господа е почеток на мудроста,

а сите што ја исполнуваат, се со добар разум.

Пофалбата Негова останува во вечни векови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help