Псалми 103 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 103Славата Божја е во делата Негови

1 102,1; 102,2.22; 92,1; 2 Цар 7,22 На Давид.

Благословувај Го, душо моја, Господа.

Господи, Боже мој, Ти си се возвеличил многу.

Во слава и велелепие си се облекол,

2 Ис 40,22; Јов 9,8 во светлина како со облека се облекуваш,

небото го простираш како кожа;

3 17,10; 67,4; Ис 19,1; Амос 9,6 со води ги покриваш височините негови.

Ги поставуваш облаците за негово издигање,

се движиш на крилјата на ветровите;

4 Евр 1,7 Ти ги правиш ангелите Свои духови

и служителите Свои – пламен огнен.

5 23,2; 45,2; 74,3; 1 Цар 2,8; Јов 38,6; Изреки 8,25.29 Земјата ја втемелуваш врз нејзината цврстина,

таа нема да се разниша во вечни векови.

6Бездната е Твоја наметка како облека,

врз горите ќе стојат води.

7Од Твојата заповед тие ќе избегаат,

од гласот на Твојот гром ќе се уплашат.

8 1 Мојс 1,9; Ер 5,22; Јов 38,8-11 Се издигаат горите и се спуштаат долините,

на местото што си го основал за нив;

9 1 Мојс 9,11-15; Изреки 8,29 си поставил граница која нема да ја преминат,

ниту ќе се вратат да ја покријат земјата.

10 73,15; 5 Мојс 8,7 Ти ги испраќаш изворите во долините,

помеѓу горите ќе течат води;

11ќе се напојуваат сите полски ѕверови,

дивите магариња ќе ја гаснат жедта своја;

12 Ез 31,13 над нив птиците небесни ќе се населат,

помеѓу камењата ќе пуштат глас.

13Ти ги напојуваш горите од Своите височини,

од плодовите на делата Твои ќе се насити земјата.

14 146,9; 1 Мојс 1,11-12; 1,29-30; 2,16 Ти правиш да изникне трева за добитокот

и зеленило за потребите на луѓето,

за да произведат леб од земјата;

15 4,7; 1 Мојс 5,29; 17,4; Суд 9,13; 18,4.7; Зах 10,7; Изреки 31,27; Сир 40,20 а виното го весели срцето на човекот,

и лицето со елеј го разведрува,

и лебот човековото срце го закрепнува.

16Ќе се наситат дрвјата во полето

и кедрите ливански што си ги насадил.

17Таму птиците ќе свијат гнездо,

штрковиот дом ги предводи.

18 Изреки 30,26 Високите гори се за елените,

камењата им се прибежиште на зајаците.

19 73,16; 1 Мојс 1,16; Сир 43,6 Ја создаде месечината за времињата,

сонцето го позна заодот свој.

20 Амос 5,8 Си поставил темнина и настана ноќ,

во неа ќе талкаат сите шумски ѕверови.

21 Јоил 1,20; Јов 38,39.41; 1 Мак 3,4 Разриканите лавчиња грабаат

и бараат храна од Бога за себе.

22 Јов 37,8; 38,40 Изгрева сонцето и тие се собираат,

и во леглата свои ќе си легнат.

23А човекот ќе излезе по својата работа,

на својот труд до вечерта.

24 8,1; 91,5; Ер 10,12; Јов 5,9; Изреки 3,19; 8,21-30 Колку се величествени делата Твои, Господи!

Сѐ си создал премудро;

земјата се исполни со Твоето создание.

25Ова море е големо и пространо,

таму се влекачите, на кои им нема број,

мали и големи животни;

26 73,14; Јов 40,24; Изреки 8,31 таму пловат корабите

и оној змеј што си го создал да си игра во него.

27 135,25; 144,15-16; Мт 24,45; Лк 12,42 Сите тие од Тебе чекаат

да им дадеш храна навреме,

28ја даваш ли – ќе ја соберат.

Ја отвораш ли раката Своја – сите ќе се исполнат со добра.

29 29,7; 89,3; 145,4; 1 Мојс 3,19; Јов 34,14-15; Проп 12,7; Мудр 2,3 Го одвратиш ли Своето лице – ќе се збунат;

кога ќе го одземеш нивниот здив – ќе исчезнат

и во правта своја ќе се вратат.

30 32,6; 1 Мојс 1,2; 2,7; Дела 2,2-3 Ти ќе Го пратиш Својот Дух

и тие ќе се создадат,

и ќе го обновиш лицето на земјата.

31Нека биде довека славата Господова,

ќе се радува Господ за делата Свои.

32 17,7; 143,5 Погледнува ли кон земјата

и прави таа да се тресе;

се допира до горите

и тие чадат.

33 7,17; 29,12; 62,4; 145,2 Ќе Му пеам на Господа во животот мој,

ќе Го воспевам мојот Бог додека постојам.

34 18,14 Нека Му бидат мили зборовите мои,

а јас ќе се радувам во Господа.

35Нека исчезнат грешниците и беззакониците од земјата,

и да ги нема веќе.

Благословувај Го, душо моја, Господа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help