1 33,1; 43,4 Пофалба од Давид.
Ќе Те возвишувам, Боже мој, Цару мој,
и ќе го благословувам името Твое довека и во вечни векови.
2 67,19 Секој ден ќе Те благословувам
и ќе го фалам името Твое довека и во вечни векови.
3 47,1; 94,3; Јов 36,26 Велик е Господ и многу фален,
и на Неговото величие му нема крај.
4 70,18; 77,4 Поколенија и поколенија ќе ги фалат делата Твои
и силата Твоја ќе ја објавуваат.
5За велелепната слава на светоста Твоја ќе зборуваат
и за чудесните дела Твои ќе раскажуваат.
6И за силата на страшните дела Твои ќе зборуваат
и за величието Твое ќе раскажуваат.
7Споменот на изобилната добрина Твоја ќе го излеваат
и на правдата Твоја ќе ѝ се радуваат.
8 102,8; 110,4; 111,4 Милосрден и милостив е Господ,
долготрпелив и многумилостив.
9 85,5 Добар е Господ кон сите и кон сѐ
и милосрдието Негово е во сите дела Негови.
10 102,13.22; Дан 3,57 Нека Те слават, Господи, сите дела Твои
и нека Те благословуваат светиите Твои.
11 92,1; 1 Лет 29,11 За славата на царството Твое ќе кажуваат,
и за силата Твоја ќе говорат,
12за да им ја обзнанат на синовите човечки моќта Твоја
и славата на велелепието на царството Твое.
13 101,12; 145,10; 2 Мојс 15,18; Дан 3,33; 4,30; 1 Тим 1,17; Откр 11,15 Царството Твое е царство на сите векови
и владеењето Твое е во секое поколение и поколение.
13aВерен е Господ во сите зборови Свои
и свет во сите дела Свои.
14 36,24; 93,18; 145,8 Господ ги придржува сите што паѓаат
и ги исправува скршените.
15 103,27-28; 122,2; 135,25; Мт 6,25-26; 24,45; Лк 12,42 На Тебе се надеваат очите на сите
и Ти храната нивна ја даваш благовремено.
16Ти рацете Свои ги отвораш
и сѐ што живее наситуваш со благонаклонетост.
17 17,30; 5 Мојс 32,4; 2 Цар 22,31; Дан 9,14; Тов 3,2; Варух 2,9 Праведен е Господ на сите патишта Свои
и свет во сите дела Свои.
18 118,151; 5 Мојс 4,7; Ис 58,9; Ер 29,13; Фил 4,6 Блиску е Господ до сите што Го повикуваат,
до сите што навистина Го повикуваат.
19 Изреки 10,24 Волјата на оние што се бојат од Него ќе ја изврши,
и молењето нивно ќе го услиши и ќе ги спаси.
20 36,28; 96,10; Суд 5,31 Господ ги чува сите што Го љубат
и сите грешници ќе ги истреби.
21Пофалба за Господа ќе говори устата моја
и секое тело нека го благословува Неговото свето име довека и во век века.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.