Псалми 134 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 134Похвална песна на Господа

1 112,1 Алилуја! Фалете го името Господово,

фалете Го, слуги, Господа,

2 133,1 вие што стоите во домот Господов,

во дворовите од домот на нашиот Бог.

3 53,7; 105,1 Фалете Го Господа, зашто Господ е добар;

воспевајте го името Негово, зашто е добро.

4 Ис 41,8 Зашто Господ го избра Јакова за Себе,

Израил за наследство Свое.

5 94,3; 2 Мојс 18,11 Зашто јас познав дека Господ е велик

и нашиот Господ е над сите богови.

6 114,3 Сѐ што Господ посака, Тој создаде,

на небото и на земјата,

во морињата и во сите бездни;

7 Ер 10,13; 50,15 доведувајќи облаци од краиштата на земјата,

во дождот молњи создаде, Оној,

што ги изведува ветровите од сокровиштата Свои.

8 77,51; 135,10; 2 Мојс 11,5; 12,28 Оној што првородените на Египет ги погуби,

од човек до добиток.

9 5 Мојс 11,3 Испрати знаци и чудеса среде тебе, Египте,

на фараонот и на сите слуги негови.

10 135,17-22; 5 Мојс 1,4 Оној што порази многу народи

и погуби цареви силни:

11 4 Мојс 21,33-34; Неем 9,22 Сион, царот Аморејски,

и Ог, царот Васански,

и сите царства Ханански;

12и нивната земја му ја даде во наследство,

во наследство на Израил, народот Свој.

13 101,12; 2 Мојс 3,15 Господи, името Твое е довека

и споменот Твој е од поколение во поколение.

14 71,2; 5 Мојс 32,36; Евр 10,30 Зашто Господ ќе го суди народот Свој

и на слугите Свои ќе се смилува.

15 114,4-8; 5 Мојс 4,28 Идолите на незнабошците се сребро и злато,

дела на раце човечки;

16уста имаат, но нема да зборуваат,

очи имаат, но нема да гледаат,

17уши имаат, но нема да слушаат,

ниту има здив во устата нивна.

18Слични на нив да бидат оние што ги прават

и сите што се надеваат на нив.

19Доме Израилев, благословете Го Господа;

доме Аронов, благословете Го Господа;

20доме Левиев, благословете Го Господа;

вие што се боите од Господа, благословете Го Господа.

21Благословен е Господ од Сион,

Кој живее во Ерусалим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help