Псалми 95 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 95Похвална песна за Господа – Царот на вселената

1 32,3; 97,1; Ис 42,10 Кога се градеше храмот по ропството; песна на Давид.

Пејте Му на Господа песна нова,

пеј Му на Господа, цела земјо.

2Пејте Му на Господа, благословете го името Негово,

благовестете го од ден на ден спасението Негово;

3 97,2; 104,1 објавувајте ја меѓу незнабошците славата Негова,

меѓу сите народи – чудесата Негови.

4 47,1; 94,3; 144,3 Зашто велик е Господ и многу фален,

страшен е над сите богови.

5 32,6; 96,7; 114,4-8; 120,2; 133,3; 134,15-18; Ис 40,17-20; 40,23; 47,4-6; Ер 10,2-5; 1 Кор 8,4-6; 1 Мојс 1,1; 2 Мојс 20,11; Ис 40,22; 40,24-25; 45,17 Зашто сите богови на незнабошците се демони,

а Господ небесата ги создаде.

6 103,1 Славата и убавината се пред Него,

светоста и велелепието – во светињата Негова.

7 28,1-2 Принесете Му на Господа, вие, родови народни,

принесете Му на Господа слава и чест;

8принесете Му ја на Господа славата, на името Негово,

земете жртви и влезете во дворовите Негови.

9 113,7 Поклонете Му се на Господа во Неговиот свет двор,

нека се потресе од лицето Негово целата земја.

10 9,8; 92,1; 96,1 Речете им на народите: „Господ се зацари,

зашто ја утврди вселената, која нема да се помести;

ќе им суди на народите чесно“.

11 97,7; Ис 44,23; 48,12 Нека се веселат небесата и нека се радува земјата,

да се потресе морето и сѐ што е во него;

12 Ис 55,12 ќе се зарадуваат полињата и сѐ што е во нив;

тогаш ќе се зарадуваат сите дрвја во шумата

13 9,8; 97,9; Мудр 9,3 пред лицето Господово, зашто Тој доаѓа,

зашто доаѓа да ѝ суди на земјата;

ќе ѝ суди на вселената праведно

и на народите во вистината Своја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help