1 102,1; Лк 1,47 Алилуја, од Агеј и Захарија.
Фали Го, душо моја, Господа.
2 29,12; 103,33; Ис 38,20 Ќе Го фалам Господа во мојот живот,
ќе Го воспевам мојот Бог додека постојам.
3 89,3; 103,29; Ис 2,22; Проп 12,7; 1 Мак 2,63 Немајте доверба во кнезовите,
во синовите човечки, во кои нема спасение.
4 1 Мак 2,63 Неговиот дух ќе излезе
и во земјата своја ќе се врати,
во тој ден ќе пропаднат сите помисли нивни.
5 2,12; 83,12; 143,15; Ер 17,7 Блажен е оној кому Бог Јаковов му е помошник,
надежта негова е во Господа, неговиот Бог,
6 120,2; 123,8; 2 Мојс 20,11 Кој ги создаде небото и земјата,
морето и сѐ што е во нив,
Кој ја чува вистината довека,
7 67,6; 102,6; 139,13; Ис 42,7; 48,8; 60,1 Кој го извршува судот на онеправданите,
Кој дава храна на гладните.
Господ ги ослободува окованите,
8 144,14 Господ ги исправува скршените,
Господ им дава мудрост на слепите,
Господ ги љуби праведните.
9 67,5; 2 Мојс 22,21-24; 5 Мојс 10,18 Господ ги пази дојденците,
сирак и вдовица ќе прифати,
а патот на грешниците ќе го уништи.
10 144,13; 2 Мојс 15,18 Ќе се зацари Господ довека,
твојот Бог, Сионе, од поколение во поколение.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.