1Алилуја, од Агеј и Захарија.
Ерусалиме, пофали Го Господа,
фали Го својот Бог, Сионе,
2 47,13; 80,16; 3 Мојс 26,6; Ис 65,18-19; Ер 33,10-11 зашто ги зацврсти резињата на портите твои,
ги благослови синовите твои во тебе.
3Него, Кој постави мир на границите твои
и со срцевината од пченицата те наситува;
4 28,3-4; 32,9; 106,20; Ис 55,10-11 Кој го испраќа словото Свое на земјата,
брзо ќе дотрча зборот Негов;
5Кој го дава снегот Свој како волна,
маглата како пепел ја посипува.
6Кој мразот Свој го фрла како ронки,
пред лицето на студот Негов кој ќе опстои?
7 Јов 6,16; 36,10; 37,21 Ќе го испрати зборот Свој и ќе ги стопи,
ќе задува ветрот Негов и ќе потечат води.
8 5 Мојс 33,3-4; Сир 45,5; Варух 3,37 Кој му го објавува зборот Свој на Јаков,
одредбите и судовите Свои на Израил.
9 5 Мојс 4,8; Дела 14,16 Не им направи така на сите народи
и судовите Свои не им ги покажа ним.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.