1 91,1 Алилуја, од Агеј и Захарија.
Фалете Го Господа,
зашто пофалната песна е добра;
пофалбата нека Му се слади на нашиот Бог.
2 50,19; Ис 11,12; 55,7; Ер 31,10 Господ го гради Ерусалим
и ќе го собере ислеништвото Израилево.
3 Ис 61,1; Ер 33,6; Јов 5,18 Тој ги исцелува оние со скршено срце
и ги преврзува раните нивни.
4 Ис 40,26 Тој мноштвото ѕвезди ги брои
и сите нив по име ги вика.
5 Ис 40,28 Нашиот Господ е голем,
и голема е крепкоста Негова
и неизмерлив е разборот Негов.
6 1 Цар 2,7; Сир 10,14-18 Господ ги прифаќа кротките,
а грешниците ги понижува до земјата.
7Започнете со славословие кон Господа,
воспевајте Го нашиот Бог со лира,
8 103,10; Ер 14,22; Јоил 2,23; Јов 5,9-10 Него, Кој го прекрива небото со облаци,
Кој подготвува дожд за земјата,
Кој прави тревата да расне на горите
и зеленилото да им послужи на луѓето,
9 103,27-28; Јов 38,41; Мт 6,26 Кој на добитокот му ја дава храната негова
и на пиленцата од гавранот што Го повикуваат.
10 19,7-8; 32,16-18 Стремежот не Му е во силата на коњот,
ниту благоволението – во нозете на човекот.
11Благоволението Господово е во оние што се бојат од Него
и во сите што се надеваат на милоста Негова.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.