Псалми 82 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 82Молитва за пораз на непријателите

1Песна на псалмот, на Асаф.

2 43,23; 49,3; 108,1 Боже, кој ќе Ти се уподоби Тебе?

Немој да премолчуваш,

ниту да се скротуваш, Боже.

3Зашто ете, непријателите Твои кренаа врева

и оние што Те мразат ја подигнаа главата;

4 Ер 11,19 против народот Твој наумија зло

и се договорија против светиите Твои.

5Рекоа: „Дојдете, та да ги истребиме нив од народите

и веќе нема да се спомнува името Израилево“.

6Зашто заедно и еднодушно се договорија,

против Тебе направија сојуз:

7населбите на Идумејците и Исмаилќаните,

Моавците и Агарјаните,

8Гевал, Амон и Амалик

и другоплеменици со жителите на Тир;

9зашто дури и Асур им се придружи,

па станаа помошници на синовите Лотови.

10 2 Мојс 2,15; Суд 4–5; Ис 9,3; 10,26 Направи им како на Мадијам и Сисара,

како на Јавин во потокот Кисон;

11 Ер 8,2 тие беа истребени во Аендор,

станаа како ѓубриво за земјата.

12 Суд 7,25; 8,9-20 Постапи со кнезовите нивни како што си постапил со Орив, и Зив, и Зевеј,

и со Салмана, со сите кнезови нивни,

13кои рекоа:

„Да го наследиме за себе светилиштето Божјо“.

14 57,9; Ис 17,13; 28,5; Јов 27,21 Боже мој, постави ги како вртлог,

како трска пред лицето на ветрот;

15 Ис 5,24; 10,17; Ез 21,2 како оган што ќе ја гори шумата,

како пламен што ќе ја запали гората,

16 Ер 25,32 така ќе ги прогониш со бурата Своја

и со гневот Свој ќе ги ужасиш.

17Исполни ги лицата нивни со срам

и ќе го побараат името Твое, Господи.

18 45,11; 96,9; Ис 42,8 Нека се засрамат и ужаснат во вечни векови,

и нека бидат посрамени и уништени

19и да познаат дека Тебе името Ти е Господ;

единствено Ти си Севишен по целата земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help