1 5,1-2; 139,6; 141,6 Псалм на Давид.
Господи, кон Тебе повикав, услиши ме.
Чуј го гласот на молењето мое, кога викам кон Тебе.
2 8,3; 133,2; Откр 5,8 Нека се исправи молитвата моја, како темјан пред Тебе;
подигањето на рацете мои – како жртва вечерна.
3 38,1; Сир 22,27 Постави, Господи, стража на устата моја
и врата преградна за усните мои.
4Не давај да застрани срцето мое кон зборови лукави,
за да не измислува изговори за гревовите;
со луѓе што вршат беззаконие
и со нивните избраници нема да се здружам.
5 Изреки 9,8; 24,12; 25,6.9 Праведниот со милост ќе ме кара и ќе ме разобличи,
но главата моја нека не ја помаже масло на грешник,
па дури и молитвата моја да им е по волја;
6карпа ги беше проголтала судиите нивни;
моите зборови ќе се слушнат, зашто се угодни.
7 52,5 Како грутка земја што се разбива од земјата,
коските нивни се растурија крај адот.
8Зашто кон Тебе, Господи, Господи, се очите мои;
на Тебе се надевав,
не одземај ја душата моја.
9 30,4 Запази ме од замките што ми ги поставија
и од соблазните на оние што прават беззаконија.
10 7,15; 34,8; Изреки 26,27 Ќе паднат во мрежата своја грешниците;
а јас отспротива сум сам,
додека да поминам.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.