1 24,18; Јн 1,47; Рим 4,6-8 Псалм на Давид. За разбирањето.
Блажени се оние, чии беззаконија се простени
и чии гревови се покриени!
2Блажен е оној човек, кому Господ не му го зема предвид гревот
и во чија уста нема измама!
3 30,10 Коските ми остареа од воздивнување по цел ден,
бидејќи одмолчев,
4зашто Твојата рака и дење и ноќе тежеше врз мене,
се јадосував кога трнот ме жегнуваше.
5 50,4; 2 Цар 12,13; Јов 31,33; 1 Јн 1,9.10 Гревот свој го познав
и беззаконието мое не го сокрив,
па реков: „Ќе Му го исповедам своето беззаконие на Господа“,
и Ти го прости безбожништвото на гревот мој.
6Затоа секој светија благовремено ќе Ти се моли,
та дури и многуте води на потопот нема да се приближат до него.
7Ти си мое прибежиште од маката што ме опкружува;
Ти, радост моја, избави ме од тие што ме опколија.
8 32,18 „Ќе те вразумам и ќе те водам по овој пат по кој ќе чекориш;
Моите очи ќе бдеат над тебе“.
9„Не бидете како коњ или како маска, кои немаат разум,
нивните челусти со узда и оглавник се стегаат за да пријдат кон тебе“.
10Многу се маките на грешникот,
но оној што се надева на Господа, од милост ќе биде опкружен.
11 32,1 Веселете се во Господа и радувајте се, праведни,
и фалете се сите што сте чесни по срце.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.