Псалми 48 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 48Привиден е напредокот на безбожниците и нивната безумна надеж во богатството

1За крајот. Псалм за Кореевите синови.

2 5 Мојс 32,1; Ис 1,2; Изреки 8,4 Слушнете го ова сите народи,

чујте сите што живеете во светот;

3и земнородните и синовите човечки,

заедно богати и сиромашни.

4Устата моја ќе говори мудрост

и размислата на срцето мое – разумност.

5Ќе го приклонам увото мое кон приказната,

со харфа ќе ја кажам загатката своја.

6Зошто да се плашам во зол ден?

Беззаконието на петицата моја ќе ме окружи.

7 Ер 9,23; Лк 12,16-21 На оние што се уверени во својата сила

и со нивното големо богатство се фалат:

8 Јов 33,24; Изреки 11,4 брат не избавува,

човекот ли ќе избави?

Нема да Му даде на Бога

откуп за себе,

9 Мт 16,26 ни цена за откуп

на душата своја,

10и ќе се намачи довека и ќе живее до крајот;

нема да види пропаст,

кога ќе види мудри што умираат.

11 38,6; Проп 2,16; Сир 11,19 Заедно ќе пропаднат неразумниот и безумниот

и своето богатство на туѓинци ќе го остават.

12И гробовите нивни им се куќи довека,

живеалишта нивни од поколение во поколение.

Со сопствените имиња

ги нарекоа земјите свои.

13 Проп 3,18-21 Но човекот имајќи чест –

не го разбра тоа,

се изедначи со стоката неразумна

и ѝ стана сличен.

14Тој нивен пат е соблазна за нив

и отпосле со устите свои ќе се фалат.

15Како овци се ставени во адот, смртта ги напасува;

и наутро чесните ќе загосподарат со нив

и помошта нивна ќе оветви во адот, од славата нивна.

16 Ос 13,14 Но Бог ќе ја избави душата моја од рацете на адот,

кога ќе ме прифати.

17Не плаши се кога човек ќе се збогати

и кога ќе се умножи славата на домот негов;

18 1 Тим 6,7 зашто кога ќе умре нема да земе ништо,

ниту со него ќе појде славата негова.

19Зашто душата негова во животот негов ќе се благословува;

ќе Те фали кога ќе му направиш добро.

20 1 Мојс 15,15; Јов 10,21-22 Ќе отиде до родот на татковците свои,

довека не ќе види светлост.

21Но човекот имајќи чест – не го разбра тоа,

се изедначи со стоката неразумна и ѝ стана сличен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help