Псалми 127 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 127Благослов и блаженство за праведните

1 36,3-5; 111,1; 118,1 Песна на искачувањата.

Блажени се сите што се бојат од Господа,

што одат по патиштата Негови.

2 111,3; Ис 3,10 Од плодовите на трудот свој ќе јадеш;

блажен си и добро ќе ти биде.

3 143,12; Ез 19,10; Јов 29,5; Изреки 31 Жената твоја ќе биде како плодна лоза во одаите на домот твој;

синовите твои како млади маслини околу трпезата твоја.

4Ете, така ќе биде благословен човекот

што се бои од Господа.

5 19,2; 121,9; 133,3 Господ од Сион да те благослови

и да ги видиш добрата на Ерусалим

во сите денови на животот твој;

6 124,5; 1 Мојс 50,23; Јов 42,16; Гал 6,16 за да видиш синови од синовите свои.

Мир на Израилот!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help