1За крајот, во химни, на Давид.
2Услиши го, Господи, молењето мое,
чуј ја молитвата моја.
3 26,4-5; 42,3 Од краиштата на земјата кон Тебе повикав,
кога се обесхрабри срцето мое;
на камен ме возвиси,
4 45,1; Изреки 18,11 ме водеше, зашто стана надеж моја,
кула на моќта пред лицето на непријателот.
5 14,1; 16,8 Ќе се населам во живеалиштето Твое довека,
ќе се покријам со покровот на крилјата Твои.
6Зашто Ти, Боже, ги слушна молитвите мои;
им даде наследство на оние што се бојат од името Твое.
7 20,4; 42,3; 65,13; 71,5; 84,10-11; 88,4-26; Ис 16,5; Изреки 20,28 На деновите од царот ќе додадеш денови,
годините негови дури до деновите од поколение на поколение.
8Ќе остане довека пред Бога;
милоста и вистината Негова кој ќе ги испита?
9Така ќе го воспевам името Твое во вечни векови,
за од ден на ден да ги исполнам молитвите мои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.