Псалми 71 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 71Похвала за големиот Цар и за Неговото владеење

1 88,14; Ер 23,5 За Соломон.

Боже, Својот суд дај му го на царот

и правдата Твоја на царевиот син,

2за да му суди на народот Твој во правда

и на сиромавите Твои со суд праведен.

3 Ис 45,8; 51,5; 54,11; Соф 2,3 Нека примат горите мир за народот Твој

и ридовите – праведност.

4Тој ќе им суди на сиромавите меѓу народот

и ќе ги спаси синовите на бедните,

а клеветникот ќе го понижи

5 60,7; 88,37; 2 Цар 7,13-14; Ер 31,35; 32,20 и ќе сопостои со сонцето

и пред месечината од поколение во поколение.

6 Ис 45,8; Ос 6,3 Ќе слезе како роса на руно

и како капки што капат по земјата.

7 36,11 Во неговите денови ќе изгрее праведност и изобилство на мир,

сѐ додека месечината не исчезне.

8 Зах 9,10; Сир 44,21 И ќе господари од море до море

и од реката до краиштата на вселената.

9Пред него ќе паднат Етиопјаните

и непријателите негови прав ќе лижат.

10 3 Цар 10,1 Царевите Тарсиски и островите дарови ќе принесат,

царевите Арапски и Савски дарови ќе донесат.

11И ќе Му се поклонат сите цареви земни,

сите народи Нему ќе Му служат.

12 Јов 29,12 Зашто го избави сиромавиот од раката на моќникот

и бедниот што немаше помошник.

13Ќе ги поштеди сиромавиот и бедниот

и душите на бедните ќе ги спаси.

14 115,6 Од лихва и неправда ќе ги избави душите нивни

и ќе биде името Негово пред нив.

15И ќе живее, и ќе Му се даде од златото Арабиско

и тие ќе се молат за Него секогаш,

по цел ден ќе Го благословуваат.

16 Ос 14,6-9; Амос 9,13 Крепост ќе биде на земјата од врвовите горски;

плодот Негов ќе се вознесе повеќе од Ливан

и тие од градот ќе процветаат како трева од земјата.

17 1 Мојс 12,3 Неговото име ќе биде благословено во вековите,

пред сонцето ќе постои името Негово;

и во Него ќе бидат благословени сите племиња земни,

сите народи ќе Го нарекуваат блажен.

18Благословен е Господ Бог Израилев,

единствениот Кој прави чудеса.

19 Авак 3,3 И благословено е името на славата Негова довека и во вечни векови,

и ќе се исполни со славата Негова целата земја.

Нека биде така. Амин!

20Завршија химните на Давид, синот Јесеев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help