1 Ер 12,3 За крајот, псалм на Давид.
Господи, Ти ме испита и ме позна;
2 93,11 Ти го позна седењето мое и станувањето мое,
Ти оддалеку ги разбра помислите мои;
3 Јов 13,27 патеката моја и мерата моја си ги истражил
и сите патишта мои ги предвиде.
4 Сир 23,20 Зашто нема збор на јазикот мој.
5Ете, Господи, Ти позна сѐ,
и последното и првото.
Ти ме обликува
и врз мене ја положи раката Своја.
6Чудесно е знаењето Твое за мене;
тоа е толку надмоќно,
не можам да допрам до него.
7Каде ќе заминам од Духот Твој
и од лицето Твое каде ќе побегнам?
8 Ер 23,24; Амос 9,2 Ако се искачам на небото, Ти си таму;
ако слезам во адот, присутен си;
9ако ги земам крилјата свои наутро
и се населам на краиштата на морето,
10дури и таму раката Твоја ќе ме води
и ќе ме прифати десницата Твоја.
11 Јов 24,17 Па реков: „Можеби темнината ќе ме прегази,
но дури и ноќта ќе биде светлина во моето насладување“.
12 Дан 2,22 Зашто темнината нема да се помрачи од Тебе
и ноќта како ден ќе се осветли;
каква што е темнината нејзина,
таква е и светлината нејзина.
13 70,6; Јов 10,9-12 Зашто Ти ги создаде бубрезите мои, Господи,
ме прифати од утробата на мајката моја.
14Ќе Те славам, зашто си чудесен до трепет;
чудесни се делата Твои
и душата моја тоа најдобро го знае.
15Не се сокри коската моја од Тебе,
која ја создаде скришно,
и составот мој во длабочините на земјата;
16 Ис 4,3; Дан 12,1 невообличениот зачеток мој го видоа очите Твои
и во книгата Твоја сите ќе бидат запишани;
деновите ќе се обликуваат
и никој ќе нема во нив.
17А Твоите пријатели имаа голема почит кај мене, Боже,
силно се утврдија нивните првенства.
18Ќе ги избројам и повеќе од песокот ќе се умножат;
станав и уште сум со Тебе.
19 118,115 О, кога би ги погубил грешниците, Боже!
Луѓе крвници, тргнете се од мене,
20зашто сте подмолни во помислите;
залудно ќе ги земат градовите Твои.
21 25,2; Ер 6,27; Јов 23,10 Зар не ги намразив оние што Те мразат, Господи,
и не се топев ли поради непријателите Твои?
22Со крајна омраза ги замразив,
ми станаа непријатели.
23 16,3; 25,2 Испитај ме, Боже,
и познај го срцето мое,
испитај ме и познај ги патеките мои.
24И види дали има пат на беззаконие во мене
и води ме по патот вечен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.