Псалми 96 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 96Господ е славниот Цар на народот

1 92,1; 95,10-11; 98,1 На Давид, кога се воспостави неговата земја.

Господ се зацари, нека се радува земјата,

нека се веселат островите многубројни.

2 84,10-13; 88,14; 95,6; 5 Мојс 4,11; 5,21; 2 Цар 22,12; Изреки 16,12; 24,5 Околу Него облак и примрак,

правдата и судот се утврдување на престолот Негов.

3 17,8; 49,3 Оган пред Него ќе претходи

и на сите страни ќе ги гори непријателите Негови;

4 76,18 Неговите молњи ја осветлија вселената,

земјата виде и се потресе.

5 21,14; 67,2; 96,7; Суд 5,5; Мих 1,4; Јудита 16,18 Од лицето Господово горите се истопија како восок,

од лицето на Господа на сета земја.

6 49,6 Небесата ја објавија правдата Негова

и сите народи ја видоа славата Негова.

7 95,5; 114,4-8; 134,15-18; Ис 1,29; 40,18-20; 41,5-6; 44,8-19; 46,4-6; Ер 2,27-28; 9,23-25; Авак 2,18-19; Посл 1,25.38 Нека се посрамат оние што се поклонуваат на изделкани ликови,

што се фалат со идолите свои.

Поколонете Му се сите ангели Негови.

8 47,11 Сион слушна и се развесели,

и ќерките Јудејски се зарадуваа заради судовите Твои, Господи.

9 82,18; 94,3; 95,4; 2 Лет 2,6 Зашто Ти си Господ Севишен над целата земја,

ненадминливо се надвиши над сите богови.

10 Амос 5,15; Изреки 2,9 Вие што Го љубите Господа,

мразете го злото.

Господ ги чува душите на своите светии,

од рацете на грешници ќе ги избави.

11 4,6; 35,9; 111,4; Ис 5,30; 9,1; 41,15; 57,9 Светлина му изгреа на праведникот

и на чесните по срце – веселие.

12 29,4; 31,11 Вие, праведни, веселете се во Господа

и славете го споменот на светоста Негова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help