1 17,46; 17,34; 2 Цар 22,2.35 Од Давид кон Голијат.
Благословен е Господ, мојот Бог,
Кој ги обучува рацете мои за борба,
прстите мои за војна.
2 17,2 Тој е милост моја и прибежиште мое,
застапник мој и избавител мој,
заштитник мој, и на Него се надевав,
на Оној што мојот народ мене ми го потчинува.
3 8,4; Јов 7,17; Сир 18,8 Господи, што е човекот, та си му се обзнанил,
или синот човечки – та да сметаш на него?
4 38,5; 108,23; Јов 8,9; 13,2 Човекот стана сличен на ништожност,
како сенка минуваат деновите негови.
5 17,9; 103,32; 2 Цар 22,10; Ис 63,19; 63,1 Господи, приклони ги небесата и слези,
допри се до горите и тие ќе чадат.
6 17,14; 5 Мојс 32,23; 2 Цар 22,15 Блесни со молња и ќе ги распрснеш;
пушти ги стрелите Твои и ќе ги растрепериш.
7 17,16; 2 Цар 22,17 Испрати ја раката Твоја од височините,
извлечи ме и избави ме од многуте води,
од раката на синовите туѓински,
8 Ис 44,20 чијашто уста говореше суетно
и чијашто десница е десница на неправдата.
9 32,2-3; 95,1; 97,1; 149,1; Ис 42,10; Откр 5,9 Боже, нова песна ќе Ти запеам,
со харфа десетоструна ќе Те воспевам Тебе,
10 17,50 Кој им даваш спасение на царевите,
Кој го избавуваш Давид, слугата Свој, од меч злобен.
11Избави ме и извлечи ме од раката на синовите туѓински,
чијашто уста говореше суета
и чијашто десница е десница на неправдата;
12 127,3; Јов 42,14-15; Сир 26,18 чиишто синови се како фиданки развиени во младоста своја,
ќерките нивни – разубавени,
преукрасени налик на храм,
13 3 Мојс 26,4-5; 5 Мојс 7,13 ризниците нивни – полни,
се прелеваат од една во друга,
овците нивни – многуплодни,
се умножуваат при излегувањата нивни,
14 3 Мојс 26,6; Ис 65,19 воловите нивни – угоени,
ограда падната не се наоѓа,
ниту премин, ниту пискот по улиците нивни.
15 32,12; 145,5; 5 Мојс 33,29 Тие го сметаа за блажен народот кому ова му се случува!
Блажен е народот кому Господ му е Бог!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.