Псалми 135 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 135Благодарност на Бога за Неговата непрестајна милост

1 105,1 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар,

зашто милоста Негова е довека.

2 5 Мојс 10,17 Славете Го Бога над боговите,

зашто милоста Негова е довека.

3Славете Го Господарот над господарите,

зашто милоста Негова е довека.

4 Сир 11,4 Единствениот Кој прави големи чудеса,

зашто милоста Негова е довека.

5 Ер 10,12; 50,14; Изреки 3,19 Кој ги создаде небесата со мудрост,

зашто милоста Негова е довека.

6 23,2 Кој ја утврди земјата на водите,

зашто милоста Негова е довека.

7 1 Мојс 1,16; Ер 31,35 Единствениот Кој ги создаде големите светила,

зашто милоста Негова е довека.

8Сонцето за владеење со денот,

зашто милоста Негова е довека.

9Месечината и ѕвездите за владеење со ноќта,

зашто милоста Негова е довека.

10 77,51; 134,8; 2 Мојс 12,29 Кој го порази Египет со првородените негови,

зашто милоста Негова е довека,

11 2 Мојс 12,51; 5 Мојс 4,34; 5,14; 25,8 и го изведе Израил отсреде нив,

зашто милоста Негова е довека,

12Со моќна рака и подигнато рамо,

зашто милоста Негова е довека.

13 2 Мојс 14,21-22 Кој Црвеното Море го раздвои на делови,

зашто милоста Негова е довека.

14И го преведе Израил среде него,

зашто милоста Негова е довека.

15 2 Мојс 14,27; 14,4 И го урниса фараонот и неговата војска во морето Црвено,

зашто милоста Негова е довека.

16 2 Мојс 13,18 Кој го преведе народот Свој низ пустината,

зашто милоста Негова е довека.

17 134,10-12 Кој ги порази големите цареви,

зашто милоста Негова е довека;

18и ги погуби силните цареви,

зашто милоста Негова е довека;

19 4 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 1,4 Сион, царот Аморејски,

зашто милоста Негова е довека;

20и Ог, царот Васански,

зашто милоста Негова е довека;

21и им ја даде земјата нивна во наследство,

зашто милоста Негова е довека;

22во наследство на Израил, Својот слуга,

зашто милоста Негова е довека.

23Зашто во нашето понижување Господ си спомна за нас,

зашто милоста Негова е довека;

24и нѐ искупи од непријателите наши,

зашто милоста Негова е довека.

25 103,27; 144,15-16; Јов 36,31 Кој дава храна на секое тело,

зашто милоста Негова е довека.

26Славете Го Бога небесниот,

зашто милоста Негова е довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help