1За крајот, псалм на Давид.
2 17,48; 42,1; 2 Сол 3,2 Избави ме, Господи, од злобен човек,
од маж неправеден ослободи ме,
3 55,5 од оние што смислија неправда во срцето,
кои по цел ден се постројуваа за војни;
4 57,4; Рим 3,13; Јк 3,8 го изострија јазикот свој како на змија,
отров аспидин има под усните нивни.
5Сочувај ме, Господи, од раката на грешник,
од луѓе неправедни избави ме,
од оние кои намислија да ги препнат чекорите мои.
6 34,7; 141,3; Јов 18,10 Горделивите сокрија замка за мене,
и затегнаа јажиња како стапица за нозете мои,
на патот ми поставија соблазна.
7 30,14; 140,1 Му реков на Господа:
„Ти си мојот Бог,
чуј го, Господи, гласот на молењето мое“.
8Господи, Господи, сило на моето спасение,
Ти ја осени главата моја во денот на војна.
9Господи, поради желбата моја не предавај ме на грешникот;
се наканија против мене;
не напуштај ме, за да не се превознесат.
10 Изреки 12,13 Главата на опкружувањето нивно,
маката на усните нивни ќе ги покрие.
11 10,6; 54,23; 1 Мојс 19,24; 4 Мојс 16,31-32 Врз нив ќе падне живо јаглење,
со оган ќе ги собориш,
во несреќите нема да издржат.
12Зборлест човек нема да се исправи на земјата,
злото ќе го заплени неправедниот човек за пропаст.
13 145,7; 10,7; 15,11; 16,15; 29,4 Познав дека Господ ќе го изврши судот на сиромашните
и правдата на угнетените.
14А праведниците ќе го слават името Твое
и чесните ќе се населат пред лицето Твое.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.