Псалми 148 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 148Сион нека Го фали Господа

1Алилуја, од Агеј и Захарија.

Фалете Го Господа од небесата,

фалете Го во височините.

2 102,20-21; Јов 38,7 Фалете Го сите ангели Негови,

фалете Го сите сили Негови.

3 Дан 3,62-63 Фалете Го сонце и месечино,

фалете Го сите ѕвезди и светлино.

4 1 Мојс 1,7; 3 Цар 8,27; Дан 3,59-60 Фалете Го небеса небесни

и ти, водо, што ги надвишуваш небесата.

5Нека го фалат името Господово,

зашто Тој рече и настанаа,

Тој заповеда и се создадоа.

6 110,8; Ер 31,35-36 Ги постави довека и во вечни векови;

повелба даде и таа нема да измине.

7Фалете Го Господа на земјата,

змејови и сите бездни;

8 102,20-21; 147,5; Дан 3,66-70 огну, граду, снегу, мразу, ветру бурен,

кои го извршувате зборот Негов;

9 Ис 44,23; 54,11; Дан 3,75-76 гори и сите ридови,

дрвја плодородни и сите кедри;

10 Ис 43,20; Дан 3,80-81 ѕверови и сиот добиток,

влекачи и птици крилести;

11цареви земни и сите народи,

кнезови и сите судии земни;

12 Ер 31,13 момчиња и девојки,

старци со помладите,

13 88,17; 107,5; 112,4; Ис 12,4 нека го фалат името Господово,

зашто само Неговото име се возвиши.

Славата Негова е на земјата и на небото.

14 5 Мојс 7,6; Ефес 2,13 И Тој ќе го возвиси рогот на моќта на народот Свој,

песната на сите светии Негови,

на синовите на Израил –

народот што Нему Му се приближува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help