1 Изреки 3,5-6; 10,22; Мт 6,25-34; Јн 15,5 Песна на искачувањата.
Ако Господ не го соѕида домот,
залудно се трудат ѕидарите;
ако Господ не го сочува градот,
залудно бдее стражарот.
2 1 Мојс 3,19; Изреки 3,24-26; Проп 2,24 Залудно ви е да подранувате,
да станувате по седењето,
вие што го јадете лебот на болката,
кога Тој на оние што Го љубат им даде сон.
3 Изреки 17,6 Ете, наследството Господово се синовите,
награда на плодот од утробата.
4Како стрели во раката на силниот,
така за изнемоштените се синовите нивни.
5 Јов 29,5-10; Изреки 31,23 Блажен е човекот што својата желба ќе ја исполни со нив;
тие нема да се посрамат
кога ќе зборуваат со непријателите свои пред портите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.