Псалми 23 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 23Свеченото доаѓање на великиот Цар

1 88,11; 1 Кор 10,26 Псалм на Давид; на првиот ден од седмицата.

Господова е земјата и сѐ што ја исполнува,

вселената и сите што живеат во неа.

2 45,2; 74,3; 103,5; Јов 38,4-6 Тој неа врз мориња ја основа

и врз реки ја устрои.

3 14,1-5 Кој ќе се искачи на гората Господова

и кој ќе застане на светото место Негово?

4 25,6; Мт 5,8 Оној со невини раце и чист по срце,

кој не ја примил залудно душата своја

и не се заколнал лажно на ближниот свој.

5Тој ќе добие благослов од Господа

и милост од Бога, Спасителот свој.

6Овој е родот на тие што Го бараат Него,

што го бараат лицето на Бога Јаковов.

7 117,19-20; 2 Цар 6,12-16; Ез 44,2; Мал 3,1 Подигнете ги портите, вие кнезови,

и издигнете се порти вечни

и ќе влезе Царот на славата.

8Кој е Тој Цар на славата?

Господ моќен и силен,

Господ силен во борба.

9Подигнете ги портите, вие кнезови,

и издигнете се порти вечни

и ќе влезе Царот на славата.

10 2 Мојс 24,16 Кој е Тој Цар на славата?

Господ на силите, Тој е Царот на славата!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help