1На Давид.
Суди ги, Господи, оние што неправедно постапуваат со мене,
војувај против тие што војуваат против мене.
2Земи оружје и штит,
издигни се и дојди ми на помош;
3извади го мечот и спречи ги оние што ме гонат;
кажи ѝ на душата моја: „Јас сум твое спасение!“
4 30,17; 39,14; 70,13; Ер 17,18 Нека бидат посрамени и презрени
оние што ја бараат душата моја;
нека отстапат и нека се засрамат
оние што ми мислат зло;
5 1,4; 82,13; Ис 29,5; 40,14; Јов 21,18; 33,7; 1 Мојс 32,1-2; 2 Мојс 14,19; 22,20; Ис.Н. 5,13-15 нека станат како прав пред лицето на ветрот
и ангел Господов да ги потишти,
6 72,18; Ер 23,12 нивниот пат нека биде темен и лизгав
и ангел Господов да ги прогонува,
7 7,15; 9,15 зашто попусто ја сокрија погубноста на својата замка за мене,
напразно ја прекоруваат мојата душа.
8 139,5; Ис 47,11 Нека го улови стапица што не ја знае,
и мрежата што ја сокрил нека го фати
и во истата стапица да падне.
9А душата моја ќе се радува во Господа,
ќе се весели во спасението Негово.
10 70,19; 76,13 Сите мои коски ќе речат:
„Господи, кој е сличен на Тебе,
Кој го спасуваш бедниот од раката што е посилна од него
и бедниот и сиромавиот од ограбувачите нивни?“
11 26,12; Мт 26,59-60 Против мене се кренаа неправедни сведоци;
и ме прашуваа за нешта што не ги знам;
12 37,20; 108,5 ми враќаа зло за добро
и јаловост за мојата душа.
13А кога тие ме задеваа,
јас се облекував во кострет,
со пост си ја смирував душата моја
и молитвата се враќаше во градите мои.
14 37,6 Како на ближен, како на сопствен брат,
така угодував;
како нажален и со поглед тажен,
така се смирував.
15Но тие се зарадуваа и се собраа против мене,
удари надојдоа врз мене, а не знаев зошто,
се растргнаа, но не ги пронижи тага.
16Ме искушуваа, подбивајќи се ме исмеваа,
со забите свои крцкаа против мене.
17 16,12; 21,20-21 Господи, кога ќе погледнеш?
Оттргни ја душата моја од нивната лошотија,
мојата единствена – од лавовите.
18 21,25 Господи, среде големото собрание
Тебе ќе Ти се исповедам,
меѓу жесток народ ќе Те фалам;
19 37,16; 68,4; Јн 15,25 не допуштај да ликуваат над мене
оние што неправедно непријателствуваат против мене,
што непотребно ме мразат
и намигнуваат со очите.
20 119,6-7 Зашто мене ми говореа за мир,
а во својот гнев смислуваа лукавства
21и ширум отворајќи ја својата уста против мене, велеа:
„Добро е! Добро е! Нашите очи видоа!“
22 37,21 Ти виде, Господи, немој да премолчиш;
Господи, не отстапувај од мене!
23 7,6; 43,23 Стани, Господи, и погледни на мојот суд,
Боже мој и Господи мој, погледни на мојот спор!
24Суди ме, Господи, според Твојата праведност,
Господи, Боже мој, не допуштај да ликуваат над мене;
25 39,13-16; 69,2-3; Ез 25,3; 25,2 да не речат во срцата свои:
„Добро е, добро ѝ е на душата наша!“
и да не кажат: „Го проголтавме“.
26Нека бидат посрамени и исмеани
сите што се радуваат на мојата несреќа;
да бидат облечени во срам и потсмев
оние што се гордеат над мене.
27 39,16 Нека се зарадуваат и нека се развеселат
оние што ја посакуваат мојата праведност
и непрестајно нека велат:
„Нека се возвеличува Господ“;
оние што му посакуваат мир на Твојот слуга!
28 70,24 И јазикот мој по цел ден ќе се поучува за праведноста Твоја
и за пофалбата Твоја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.