1За крајот. Псалм за Кореевите синови.
2 Соф 3,14-15 Сите народи заплескајте со рацете,
воскликнете кон Бога со глас радосен.
3 67,35; 75,7 Зашто Господ Севишниот е страшен,
Цар велик над целата земја.
4Ни покори нам луѓе
и народите се под нозете наши.
5 2,8; Ис 58,14 За нас го избра наследството Свое,
убавината на Јаков, која ја возљуби.
6 23,7-10; 67,18; 88,15; 97,6; 4 Мојс 23,21 Се искачи Бог со восклици,
Господ со глас на труба.
7 29,4 Пејте Му на нашиот Бог, пејте Му;
пејте Му на нашиот Цар, пејте Му.
8Зашто Бог е Цар на целата земја,
пејте Му разумно.
9 83,10; 88,19; Ис 6,1; Ер 10,7; Откр 4,2 Се зацари Бог над народите,
Бог седи на Својот свет престол.
10Кнезовите народни се собраа со Бог Авраамов;
зашто Божјите моќници на земјата многу се издигнаа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.