Псалми 47 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 47Радоста на Сион поради Божјата помош и избавување

1Псалм на песната за Кореевите синови; за вториот ден од седмицата.

2 95,4 Велик е Господ и мошне фален

во градот на нашиот Бог,

на Својата света гора,

3 Мт 5,35 добро утврдена,

радост за целата земја.

Горите Сионски, падините северни,

градот на Царот велик.

4 9,9; 17,2; 45,7.11; 58,9.16-17; 61,2.6; 143,2 Бог во тврдините негови се познава,

кога него го штити.

5Зашто, ете, царевите земни се собраа,

дојдоа заедно;

6 67,12 гледајќи го, многу се восхитија,

се збунија, се потресоа;

7 2 Мојс 15,14; Ис 13,8; 20,2; Ер 4,31; 50,43; 1 Сол 5,3; Јн 16,21 трепет ги обзеде,

таму ги снајдоа маки како оние на жена што раѓа.

8Со силен ветер ќе ги скршиш

корабите Тарсиски.

9Како што чувме, така и видовме

во градот на Господ на силите,

во градот на нашиот Бог;

Бог го втемелил довека.

10Ја разбравме, Боже, милоста Твоја

среде Храмот и среде народот Твој.

11 112,3; Мал 1,11 Според името Твое, Боже,

е и пофалбата Твоја по краиштата земни;

со правда е полна десницата Твоја.

12 96,8 Нека се развесели гората Сион,

нека се зарадуваат ќерките Јудејски,

заради судовите Твои, Господи.

13 Ис 26,1; 33,20-21 Опколете го Сион и обгрнете го,

разгледајте ги кулите негови,

14 77,4; 89,2; 101,27 ставете ги срцата ваши во неговата сила

и проникнете во тврдините негови,

за да му раскажувате на наредното поколение.

15Зашто Овој Бог е Бог наш довека и во вечни векови;

Тој ќе нѐ напасува во вековите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help