1 1,1-2; 127,1 Алилуја! Блажен е човекот што се бои од Господа,
по заповедите Негови прекумерно ќе копнее.
2 24,13; 36,26; 101,28 Силно ќе биде неговото потомство на земјата,
поколението на чесните ќе биде благословено.
3 110,3; Изреки 3,16 Слава и богатство има во домот негов
и правдата негова останува во вечни векови.
4 36,6; 96,11; 110,6; Ис 58,10; Јов 22,28; Изреки 13,9 Во темнината засветли светлина за чесните;
тој е милостив, милосрден и праведен.
5 36,21.26; Изреки 14,21; Лк 6,35 Добар е човекот што милува и позајмува;
своите зборови ќе ги устројува со суд,
6 14,5 зашто довека нема да се поколеба.
Во вечен спомен ќе биде праведникот.
7Од злобни гласини нема да се уплаши;
неговото срце е подготвено да се надева на Господа.
8 117,7 Се утврди срцето негово,
нема да се исплаши додека ги гледа непријателите свои.
9 74,10; 88,17; 91,10; 2 Кор 9,9 Раздели, им даде на бедните;
неговата праведност останува во вечни векови,
рогот на силата негова ќе се возвиши во слава.
10 34,16 Ќе види грешникот и ќе се разгневи,
со забите свои ќе крцка и ќе се топи;
желбата на грешникот ќе пропадне.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.