Псалми 117 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 117Похвала на Божјиот закон

1 99,5; 105,1; 135,1-2 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар,

зашто е довека милоста Негова.

2 113,17-19; 134,19-20; 136; Лк 1,50 Да рече домот Израилев дека е добар,

зашто е довека милоста Негова.

3Да рече домот Аронов дека е добар,

зашто е довека милоста Негова.

4Да речат сите што се бојат од Господа дека е добар,

зашто е довека милоста Негова.

5 4,1; 17,6.19; 119,1 Од маката Го повикав Господа

и ме услиша на место ширно.

6 26,1; 55,4.11; Ис 50,7; 50,11; Рим 8,31; Евр 13,6 Господ ми е помошник

и нема да се плашам од она што ќе ми го направи човек.

7 53,5; 111,8 Господ ми е помошник

и јас ќе погледнам смело на непријателите мои.

8 145,3 Подобро е да имаш доверба во Господа,

отколку да имаш доверба во човек;

9подобро е да се надеваш на Господа,

отколку да се надеваш на кнезови.

10 21,12; 5 Мојс 1,44 Сите народи ме опкружија

и со името Господово ги одвраќав.

11Од сите страни ме опкружија

и со името Господово ги одвраќав.

12Ме опколија како пчели околу саќе,

и пламнаа како оган во трње

и со името Господово ги одвраќав.

13Бев турнат и навален да паднам,

но Господ ме задржа.

14 2 Мојс 15,2; Ис 12,2 Господ е моја сила и моја песна

и Тој ми стана за спасение.

15 97,1; 137,7; 2 Мојс 15,6 Глас на радост и на спасение

во живеалиштата на праведните:

„Десницата Господова сотвори сила!“

16Десницата Господова ме возвиси,

десницата Господова сотвори сила.

17 Ис 38,19; Ер 30,11; 2 Кор 6,9 Нема да умрам, туку ќе живеам

и ќе ги кажувам делата Господови.

18Прекорувајќи, ме искара Господ,

но на смртта не ме предаде.

19 23,7-10; Ис 26,2; Јудита 13,13 Отворете ми ги портите на праведноста,

влегувајќи низ нив ќе Го славам Господа.

20 Ис 1,26; 25,2; Откр 22,14 Ова е вратата Господова,

праведниците ќе влезат низ неа.

21Ќе Те славам Тебе, зашто ме слушна

и ми стана за спасение.

22 Ис 28,16; Зах 3,9; 4,6; Мт 21,42; Мк 12,10-11; Лк 20,17; Дела 4,11; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,7 Каменот што го отфрлија ѕидарите,

стана камен-темелник;

23тоа е од Господ

и чудесно е во нашите очи.

24Ова е денот што го создаде Господ;

да се зарадуваме и да се развеселиме во него.

25 Неем 1,11 О, Господи, спаси!

О, Господи, упати кон добро!

26 128,8; 133,3; Мт 21,9; 22,39; Мк 11,10; Лк 13,35; 18,37; Јн 12,13 Благословен е оној што доаѓа во името Господово;

ве благословивме вас од домот Господов.

27 17,28; 3 Мојс 23,40; Ис 60,1; Неем 8,15; 2 Мак 10,7 Бог е Господ и нам ни се јави;

поставете си празник украсен со гранчиња,

дури до роговите на жртвеникот.

28 98,5; Ис 25,1 Бог мој си Ти, ќе Те славам;

Бог мој си Ти, и ќе Те возвисувам.

Ќе Те славам зашто ме услиши,

и ми стана за спасение.

29Славете Го Господа, зашто е добар,

зашто е довека милоста Негова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help