Псалми 113 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 113Чудесата Божји кога Бог го изведуваше Својот народ од Египет

1 2 Мојс 12 Алилуја! При излегувањето на Израилот од Египет,

на домот Јаковов од народ варварски,

2 77,54; 2 Мојс 15,17; 18,5; Ер 2,3 Јудеја стана Негова светиња,

Израил – власт Негова.

3 65,6; 73,14-15; 76,16; Ис.Н. 4,7; Суд 5,4 Морето виде и побегна,

Јордан се врати назад;

4 28,6; 67,8; Мудр 19,9 горите радосно потскокнаа како овни

и ридовите како јагниња.

5Што ти стана море, та побегна,

и тебе Јордане, та назад се врати?

6И вам, гори, та радосно потскокнавте како овни

и ридови како јагниња?

7 67,8; 95,9; 98,1; Суд 5,4 Од лицето на Господа се потресе земјата,

од лицето на Бога Јаковов,

8 104,41; 106,35; 2 Мојс 17,1-7; 5 Мојс 8,15; 1 Кор 10,4 Кој ја претвори карпата во езера водни

и камениот рид во извори водни.

9 22,3; Ис 48,11; Ез 36,22 32,20 Не нам, Господи, не нам,

туку на името Твое дај му слава,

заради милоста Твоја и вистината Твоја,

10 41,3; 78,10; Јоил 2,17 да не речат незнабошците:

„Каде е нивниот Бог?“

11 134,6; Јона 1,14; Јов 23,13; Мудр 12,18 А нашиот Бог е на небото и на земјата,

сѐ што посака – направи.

12Идолите на незнабошците се сребро и злато,

дела на раце човечки:

13 134,15-18; 5 Мојс 4,28; Ис 44,9-20; 45,5-6; Ер 10,1-2; 2 Лет 32,19; Мудр 13,10; 14,15; Посл 1,3.7; Откр 9,20 уста имаат, но нема да зборуваат,

очи имаат, но нема да гледаат,

14уши имаат, но нема да слушаат,

ноздри имаат, но нема да мирисаат,

15раце имаат, но нема да допираат,

нозе имаат, но нема да одат,

глас нема да пуштаат од грлото свое.

16Слични на нив да бидат оние што ги прават

и сите кои на нив се надеваат.

17 Мудр 14,8 А домот Израилев се надеваше на Господа:

помошник и заштитник нивен е Тој.

18Домот Аронов се надеваше на Господа:

помошник и заштитник нивен е Тој.

19 129,7 Оние што се бојат од Господа,

се надеваа на Господа:

помошник и заштитник нивен е Тој.

20Господ си спомна за нас и нѐ благослови,

го благослови домот Израилев,

го благослови домот Аронов,

21ги благослови оние што се бојат од Господа,

малите со големите.

22Нека ви придаде Господ вам

и на синовите ваши.

23 Ер 31,34; Мудр 6,7; Откр 11,18; 18,4 Благословени сте вие од Господа,

Кој ги создаде небото и земјата.

24 1 Мојс 1,28 Небосводот небесен е на Господа,

а земјата им ја даде на синовите човечки.

25 6,5; 93,17; Ис 38,18-19; Варух 2,17 Мртвите нема да Те фалат, Господи,

ниту оние што слегуваат во адот,

26 112,2 туку ние живите ќе Го благословуваме Господа

отсега и довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help