1 23,3-6; Ис 33,14-16 Псалм на Давид.
Господи, кој ќе престојува во шаторот Твој?
Или кој ќе се насели на Твојата света гора?
2 118,1; Ез 18,5-9 Оној што оди непорочно и врши правда,
што говори вистина во срцето свое.
3Оној што не клевети со јазикот свој
и на ближниот свој не му направи зло
и не прифати прекор за своите најблиски.
4Ништожен пред него е тој што прави зло,
а оние што се бојат од Господа ги прославува;
тој му се колне на ближниот свој и не се одрекува.
5 15,8; 29,6; 2 Мојс 22,24; 22,8; 5 Мојс 16,19; 27,25 Своето сребро не го дава под лихва,
ниту прима поткуп против невиниот.
Оној што прави така,
нема да се поколеба довека.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.