1 93,17; 117,2-3; 128,1 Песна на искачувањата.
Ако Господ не беше со нас –
нека каже сега Израил –
2ако Господ не беше со нас
кога станаа луѓето против нас,
3 Ер 51,34; Изреки 1,12 тогаш живи ќе нѐ проголтаа
кога се разгневи јароста нивна на нас;
4 17,4; 31,6; 41,7; 68,1-2; Ис 8,7-8 тогаш вода ќе нѐ потопеше,
низ порој ќе поминеше душата наша;
5тогаш низ вода незапирлива
ќе поминеше душата наша.
6 27,6; 30,21 Благословен е Господ,
Кој не нѐ даде за плен во забите нивни.
7 90,3; Изреки 6,5 Душата наша како врабец се избави
од јамката на оние што ловат:
јамката се скина,
а ние се избавивме.
8 19,7; 32,21; 113,23; 120,2; 145,6; Изреки 18,11 Помошта наша е во името на Господа,
Кој ги создаде небото и земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.