Псалми 78 - Нов превод на Псалмите од LXX 2024(MAK2024PS)

ПСАЛМ 78Плач поради разорувањето на Ерусалим

1 4 Цар 25,9-10; Плач 1,10 Ис 17,1; 24,2; Ер 26,18; Мих 1,6; 3,11 Псалм на Асаф.

Боже, дојдоа незнабошците во наследството Твое,

го осквернија светиот храм Твој,

го направија Ерусалим како кошара за зеленчук.

2 79,12-13; Ер 7,33; 18,6 Мртвите тела на слугите Твои ги поставија за храна на птиците небесни,

месото на светиите Твои – на ѕверовите земни;

3 Ер 14,16; Соф 1,17; 1 Мак 7,17 ја пролеаја крвта нивна како вода околу Ерусалим

и немаше кој да погребува.

4 43,13-14; 79,6; 5 Мојс 28,37; 3 Цар 9,7; Ер 24,9; 48,26; Ез 14,8; Соф 2,8 Станавме за подбив на соседите наши,

потсмев и срам за оние околу нас.

5 43,23; 73,1; 88,46; 5 Мојс 4,24 До кога, Господи, докрај ќе се гневиш

и како оган ќе се распалува ревноста Твоја?

6 13,4; Ер 10,25; Сир 36,1-5; 1 Сол 4,5 Излеј го гневот Свој на незнабошците кои не Те знаат

и на царствата што името Твое не го повикаа;

7 Ер 50,7 зашто го изедоа Јакова

и местото негово го запустија.

8 141,6 Не спомнувај ги нашите стари беззаконија;

брзо нека нѐ пресретнат милостите Твои, Господи,

зашто осиромашивме многу.

9 2 Мојс 32,12; Ез 20,44; 36,21 Помогни ни, Боже, Спасителу наш;

заради славата на името Твое, Господи, избави нѐ;

и очисти ги гревовите наши заради името Твое,

10 41,3; 101,20; 114,2; 125,2; 5 Мојс 32,43; Јоил 2,17; 3,20; Јов 16,18 да не речат некогаш народите: „Каде е нивниот Бог?“

И пред нашите очи нека се обзнани меѓу народите

осветата за пролеаната крв на слугите Твои.

11Пред Тебе нека стигне воздишката на окованите;

со силата на мишката Твоја сочувај ги синовите на убиените.

12 88,50 Прекорот, со кој Те прекоруваа, Господи,

возврати им го на нашите соседи седумкратно во пазувите нивни.

13 73,1; 79,1; 94,7; 99,3; Ер 23,1; Ез 34,31 А ние, народот Твој и овците од пасиштето Твое,

ќе Те славиме довека,

од поколение во поколение ќе ја објавуваме пофалбата Твоја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help