1 9,1; 85,12 На Давид.
Ќе Те славам, Господи, со сето срце свое,
зашто ги услиша сите зборови на устата моја
и пред ангелите ќе Те воспевам.
2 5,7 Ќе се поклонам на Твојот свет храм
и ќе го славам името Твое
заради милоста Твоја и вистината Твоја.
3Во денот во кој ќе Те повикам, брзо услиши ме;
во душата моја ќе ме обдариш со Твојата сила.
4 68,3 Нека Те слават, Господи, сите цареви земни,
зашто ги слушнаа сите зборови на устата Твоја.
5И нека пеат песни Господови,
зашто голема е славата Господова.
6 112,5-6 Зашто возвишен е Господ и на смирените погледна,
и она што е вишно оддалеку го познава.
7 22,4; 117,16 Ако појдам среде неволја, ќе ме оживееш;
врз гневот од непријателите мои ја простре раката Твоја
и ме спаси десницата Твоја.
8 105,1; 136; Јов 14,15 Господ ќе им возврати за мене.
Господи, милоста Твоја е довека,
делата на рацете Твои не презирај ги.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.