Јован 19 - Свето Евангелие 2008(MK2008)

ГЛАВА 19

1Тогаш Пилат Го фати Исуса и Го бичува.

2И војниците, кога сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа пурпурна наметка,

3и велеа: – Радувај се, Царе Јудејски! И Го удираа по образите.

4Пилат повторно излезе надвор и им рече: – Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина.

5Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец и пурпурна наметка. И им рече Пилат: – Еве Го Човекот!

6А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа:

(Зачало 60)

Распни Го, распни! Пилат им рече: – Земете Го вие и распнете Го, оти јас не наоѓам во Него вина.

7Јудејците му одговорија: – Ние имаме Закон и според нашиот Закон, Он треба да умре, зашто Самиот се направи Син Божји.

8Кога го чу Пилат овој збор, повеќе се уплаши.

9И пак влезе во судницата и Му рече на Исуса: – Од каде си Ти? Но Исус не му даде одговор.

10Пилат Му рече: – Мене ли не ми одговараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам?

11Исус одговори: – Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора;

Изостави на св. крст

затоа поголем грев има оној, којшто Ме предаде на тебе.

12Оттогаш Пилат гледаше да Го пушти. Но, Јудејците викаа, зборувајќи: – Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на императорот. Секој што се прави себеси цар, противник е на императорот.

Читај на св. крст

13Штом го чу овој збор, Пилат Го изведе Исуса надвор и седна на судискиот стол, на местото, кое се вика Литостротон, а по еврејки Гавата.

14Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: – Еве Го вашиот Цар!

15Но тие викаа: – Земи, земи, распни Го! Пилат им рече: – Царот ваш ли да Го распнам? Првосвештениците одговорија: – Ние немаме цар, освен императорот.

16И тогаш им Го предаде, за да биде распнат.

Крај на четвртото евангелие за св. страданија Христови

И Го зедоа Исуса, и Го поведоа.

17И, носејќи го Својот крст, Он излезе на местото, кое се вика Черепница, а по еврејски Голгота;

18Таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исуса.

19Пилат, пак, напиша и натпис, и го постави на крстот. А беше напишано: Исус Назареецот, Царот Јудејски.

20Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински.

Изостави на св. крст

21Тогаш првосвештениците јудејски му рекоа на Пилата: – Не пишувај: Царот Јудејски, но дека Самиот Он рече: Цар Јудејски сум.

22Пилат одговори: – Што напишав, напишав!

23А војниците кога Го распнаа Исуса, ги зедоа алиштата Негови – и ги разделија на четири дела, по еден дел на секој војник – и хитонот. Хитонот не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу.

24Тогаш си рекоа: да не го расипуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде; за да се исполни кажаното во Писмо то: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка“. Така и направија војниците.

(Зачало 61)

Читај на св. крст

25При крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.

26А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: – Жено, ете ти син!

27Потоа му рече на учени кот: – Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе.

Изостави на св. Јован Богослов и премини на зачало 67

28По ова, знаејќи Исус дека е сѐ свршено,

Изостави на св. крст

за да се исполни Писмото, рече: – Жеден сум!

29Таму стоеше сад, полн со оцет; тие наквасија сунѓер во оцетот, го закачија на трска и Му принесоа до устата Негова.

30А Исус кога вкуси оцет, рече: – Се сврши!

Читај на св. крст

И откако ја наведна главата, го предаде духот.

Овде читај на Вел. Петок, вечерта

31Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во саботата, – оти таа сабота беше голем ден – го замолија Пилата да им ги прекршат колената и да ги симнат.

32Тогаш дојдоа војниците и му ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беше распнат со Него.

33А кога дојдоа до Исуса и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената;

34но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода.

35И кој виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинско;

Крај на св. крст

и знае дека кажува вистина, за да поверувате вие.

36Оти ова стана, за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се скрши“.

37И друго Писмо повторно вели: „Ќе погледнат на Оној, Кого Го прободоа“.

Крај на деветтото евангелие за св. страданија Христови и на деветтиот час.

А на Вел. Петок, врати се на зачало 113-то според Матеја.

(Зачало 62)

38Потоа Јосиф од Ариматеја, таен Исусов ученик, поради страв од Јудејците, – го замоли Пилата да го симне телото Исусово и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово.

39А дојде и Никодим, – кој порано беше отишол ноќе при Исуса – и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој.

40И го зедоа телото Исусово и го завиткаа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат.

41На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган.

42Таму Го положија Исуса, поради петокот Јудејски, зашто гробот беше близу.

Крај на 11-то евангелие за светите страданија Христови

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help