Лука 22 - Свето Евангелие 2008(MK2008)

ГЛАВА 22

1Наближуваше празникот бесквасници, наречен Пасха;

2а првосвештениците и книжниците гледаа како да Го погубат, оти се плашеа од народот.

3И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, еден од бројот на дванаесетте.

4И кога отиде, се договори со првосвештениците и кнезовите, како да им Го предаде.

5Тие се зарадуваа и се согласија да му дадат сребреници.

6И тој вети, и бараше погодно време, да им Го предаде тајно од народот. Читај во понеделникот од Сирната седмица

7И дојде денот бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;

8па, Исус ги испрати Петра и Јована и им рече: – Отидете и пригответе ни пасха, за да јадеме.

Крај на петокот

9А тие Му рекоа: – Каде сакаш да приготвиме?

10Он им рече: – Ете, влегувајќи в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе,

11и кажете му на домаќинот од куќата: Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?

12И тој ќе ви покаже голема соба, послана; – таму пригответе.

13Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.

14А кога дојде времето, Он седна на трпезата и дванаесетте апостоли со Него.

15И им рече: – Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасха со вас, пред да пострадам;

16оти, ви велам: нема веќе да јадам од неа, додека не се изврши во царството Божјо.

17Па, откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: – Земете и разделете ја помеѓу себе,

18зашто нема да пијам од лозовиот плод, додека не дојде царството Божјо.

19Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: – Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова во Мој спомен.

20Исто така и со чашата, по вечера, велејќи: – Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролева за вас.

21Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.

22Синот Човечки, пак, иде, според реченото, ама тешко на оној човек, којшто ќе Го предаде.

23И почнаа да се прашуваат помеѓу себе, кој ли ќе е од нив, што ќе го направи тоа?

24А се појави помеѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем.

25Но, Он им рече: – Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив, се викаат добротвори.

26Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, и тој што е старешина, да биде како слуга.

27Зашто, кој е поголем: тој што седи на трпезата, или оној што слугува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга.

28Но, вие сте коишто истрајавте со Мене во Моите напасти,

29и Јас ви ветувам царство, како што Ми вети Мојот Отец,

30за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.

31И рече Господ: – Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица;

32но Јас се молев за тебе, за да не намали твојата вера; а ти некогаш, кога ќе се обратиш, утврди ги браќата свои.

33А тој Му одговори: – Господи, готов сум да одам со Тебе и во затвор, и на смрт.

34Но, Он рече: – Ти велам, Петре, нема да пропее денеска петел, додека трипати не одречеш дека Ме познаваш.

35Па им рече: – Кога ве испратив без ќесе, и без торба, и без обувки, останавте ли лишени од нешто? Тие одговорија: – Од ништо.

36И им рече: – Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и да купи нож;

37зашто, ви велам, на Мене треба да се изврши и ова од Писмото: „и меѓу беззаконици Го ставија“. Оти она, што е напишано за Мене, – се исполнува.

38А тие рекоа: – Господи, еве овде има два ножа. Он им одговори: – Доволно се.

(Зачало 109)

39И кога излезе, киниса, како и обично, кон Маслиновата Гора; по Него одеа и учениците Негови.

Крај на понеделникот од Сирната седмица и на Вел. Четврток, на утрената

40А кога дојде на местото, им рече: – Молете се, за да не паднете во искушение.

41И Он се одвои од нив, колку камен што може да се фрли, па преклони колена и се молеше,

42велејќи: – Оче, ако сакаш да ме одмине оваа чаша! Ама, да не биде Мојата волја, туку Твојата.

Изостави во вторникот. Читај на Вел. Четврток

43И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

44И, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв што паѓаа на земјата.

45Штом стана од молитвата,

Изостави на Вел. Четврток и читај според Матеја, зачало 108

Читај во вторникот

дојде при учениците Свои и ги најде заспани од тага.

46И им рече: – Зошто спиете? Станете и молете се, за да не паднете во искушение.

47Идодека Он уштезборуваше, ете, се појави многу народ и пред сите одеше еден од дванаесетте, наречен Јуда, кој се приближи до Исуса за да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: кого ќе Го целивам, Он е.

48А Исус му рече: – Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?

49А оние што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: – Господи, да удриме ли со нож?

50И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.

51А Исус одговори и рече: – Оставете го тоа, запрете! Па, кога се допре до увото негово, го излечи.

52А на првосвештениците и црковните управници, и на старешините што беа дошле против Него, им рече: – Како на разбојник ли сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите?

53Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на мракот.

54И кога Го фатија, Го поведоа и одведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него.

55Кога запалија оган и седнаа заедно, седна и Петар меѓу нив.

56А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: – И овој беше со Него!

57Но тој се одрече од Него, велејќи: – Жено, не Го познавам!

58Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: – И ти си од нив! Но Петар рече: – Човеку, не сум!

59А кога мина време околу еден час, некој друг почна да тврди, говорејќи: – Навистина, и овој беше со Него, оти е Галилеец.

60Но Петар рече: – Човеку, не знам што зборуваш! И наеднаш, уште додека говореше, петел запеа.

61Тогаш Господ се сврти и го погледна Петра, и Петар се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: – уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.

62И штом излезе надвор, плачеше горко.

63А луѓето што Го држеа Исуса, Му се потсмеваа и Го биеја.

64Па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа, велејќи: – Проречи кој Те удри?

65И многу други хули рекоа против Него.

66А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го одведоа во својот Синедрион,

67и рекоа: – Ако си Ти Христос, кажи ни! Но, Он им одговори: – И да ви кажам, нема да поверувате.

68И да ве прашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите.

69Отсега Синот Човечки ќе седне оддесно на силата Божја.

70И сите рекоа: – Ти ли си, значи, Синот Божји? А Он им рече: – Вие велите, дека сум Јас.

71А тие рекоа: – Какво сведоштво ни треба уште? Ние самите чувме од Неговата уста.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help