Откровение 21 - Динамичен превод на Новиот завет на македонски ?азик(MNT)

1Потоа видов ново небо и нова Земја. Поранешното небо и поранешната Земја повеќе ги немаше, а и морето исчезна.

2Го видов и Светиот град, новиот Ерусалим, како се спушта од небесниот Бог. Беше убав како невеста во свадбена облека, накитена за средба со својот маж.

3Тогаш еден силен глас извика од престолот: „Еве, Божјото живеалиште отсега е меѓу луѓето! Тој ќе живее меѓу нив, тие ќе бидат Негов народ; Самиот Бог ќе живее со нив.

4Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи. Нема повеќе да постојат смртта, тагата, плачот и болката, зашто стариот свет неповратно ќе го нема.

5Тогаш Оној што седеше на престолот рече: „Еве, се создавам одново. Запиши го тоа што го реков, зашто овие зборови сигурно ќе се остварат!“

6Потоа ми рече: „Завршено е! Јас Сум Алфа и Омега, Зачетникот и Завршителот. На секој што е жеден, Јас ќе му подарам вода од изворот на животодавната вода.

7На сите победници ќе им дадам да ги наследат сите благослови и Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе ми бидат деца.

8А оние што од страв се откажуваат од верата во Мене, како и неверниците, неморалните, убијците, блудниците, маѓепсниците, обожавателите на идоли и сите лажговци, ќе завршат во Огненото Езеро полно со запален сулфур. Тоа ќе биде втората смрт.“

9Потоа дојде еден од седумте ангели што ги држеа седумте садови со седумте последни казни и ми рече: „Дојди да ти ја покажам Невестата - свршеницата на Јагнето.“

10Со духот ме пренесе на врвот од една висока планина и ми го покажа Светиот град, Ерусалим, како се спушта од небесниот Бог.

11Градот болскотеше од Божјата слава со сјај како од скапоцен камен - светкаше како проѕирен јаспис.

12Околу градот имаше високи и широки ѕидови, со дванаесет порти; пред секоја порта стоеше по еден ангел. На секоја порта беше напишано по едно од имињата на дванаесетте Израелови синови, односно племиња.

13Три порти беа на источната страна, три на северната, три на јужната и три на западната страна.

14Градските ѕидови беа поставени врз дванаесет темели; на секој темел беше напишано името на еден од дванаесетте апостоли на Јагнето.

15Ангелот што зборуваше со мене во раката држеше метар за мерење на градот, на портите и на градските ѕидови.

16Градот имаше изглед на коцка: должината и височината му беа еднакви. Тој го измери градот и се покажа дека градот е долг 2.220километри, а исто толку изнесуваа и неговата широчина и неговата височина.

17Потоа ангелот, користејќи човечки мери, ги измери и ѕидовите: нивната широчина изнесуваше околу шеесет метри.

18Ѕидовите беа изградени од јаспис, а градот - од чисто злато, кое светкаше како кристал.

19Дванаесетте темели му беа од скапоцени камења. Првиот темел беше од јаспис, вториот од сафир, третиот од ахат, четвртиот од смарагд;

20петтиот темел беше од оникс, шестиот од карнелијан, седмиот од хризолит, осмиот од берил, деветтиот од топаз, десеттиот од хризопраз, единаесеттиот од хијацинт и дванаесеттиот од аметист.

21Секоја од дванаесетте порти беше од по едно зрно бисер. Улиците на градот беа од чисто злато, кое светкаше како кристал.

22Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм.

23На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка.

24Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава.

25Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има.

26Сите народи ќе ги донесат славата и почестите во градот.

27Тие што се недостојни, немаат пристап таму: ќе нема погани умови и лажговци. Во градот ќе живеат само оние чии имиња се запишани во Книгата на животот, составена од Јагнето.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help